Контурирањето какво што го знаевме досега станува минато

Без разлика дали ја сакаме или не, мораме да признаеме дека Ким Кардашијан е главниот виновник што во последните неколку години контурирањето на лицето стана еден од водечките трендови во светот на убавината. Таа заедно сос војот личен шминкер оваа мејк-ап техника ја доведоа до совршенство, па нејзините примери за контурирање го заобиколија светот и многу брзо почнаа да ја копираат бројни бјути блогерки и трендсетерки.

Го пробавме и се воодушевивме – моливче со кое вашите веѓи ќе изгледаат совршено >>

Трендот во 2015 беше планетарно популарен и токму тогаш порасна и интересот за палетите за контурирање кои за многу брзо станаа и еден од најбараните козметички производи. Но тоа секако дека воопшто и не треба да не изненадува ако го земеме во предвид прекрасниот ефект кој се постигнува со оваа техника, а тоа е посебен начин на играње со светли и темни тонови на шминката како би се добил ефектот на поиздолжено и послабо лице.

Сепак, сите оние типични начини на контурирање каде многу јасно се гледаат дебелите и темните црти на лицето сега се минато. Во 2017 во сетот на убавината завладеа еден потполно нов начин на контурирање и тоа оној кој тежнее кон полежерен, понежен и мнооогу поприроден изглед, без јасно да се познаваат премините и контурите. Ваквиот начин сега го користи и славната Кардашијан на која и стои одлично. Минималистичките и елегантните контури владеат и со модните писти, од ревијата на Мајкл Корс до Џ.В. Андерсон, каде во прден план дојде до израз блескавата кожа која подразбира свеж изглед и природен, но не и премногу темен тен.

Како правилно да нанесете подлога и совети за контурирање

Со правилен избор на подлога за шминка и неколку совети за контурирање, вашата убавина ќе добие нова димензија. За да изберете производи кои одговараат на вашата кожа, се посоветувавме со експертите за убавина од SEVENTEEN.  За најдобри резултати, убаво подгответе ја кожата. Започнете со Ideal Cover Concealer (види ја цената на овој производ тука) за да ги прикриете темните кругови и другите несовршености.

Ideal Cover Concealer

Изберете течна пудра од палетата на течни пудри: „Natural Velvet Long Lasting Matte Foundation“ за мазен, мат, кадифен финиш со голема покриеност или „Matt Plus Liquid Foundation“ за совршен мат ефект кој трае преку целиот ден.

Рецензија на течниот коректор Matt Concealer Extra Coverage >>

Natural Velvet Long Lasting Matte Foundation

Последниот чекор за совршена подлога е изборот на вистинска камена пудра. Ние ви предлагаме да ја користите „Natural Silky Compact Powder“ од Seventeen која е зовршена за висока покриеност и мат кадифен изглед. 

Топ 3 течни пудри на нашиот пазар кои се совршени за студените денови >>

Natural Silky Transparent Compact Powder

Контурирањето е фантастична техника за истакнување или прикривање на одредени области на вашето лице, преку правилно истакнување или сeнчање на одредени делови од лицето. Следете ги инструкциите на експертите за убавина од  SEVENTEEN:

1. Правилно истакнете ги цртите на лицетo. 2. Преобликувајте го лицето, нагласувајќи ги контурите. Почнувајќи од центарот на увото, со четка исцртајте ги контурите на јаболчната коска, благо сенчајќи за да добиете природен ефект. 3. Додадете длабочина на вашиот поглед и доколку е потребно намалете го просторот помеѓу лакот на веѓата и наборот на окото. 4. За да направите природна сенка вдолж очниот капак, со истакнат и подигнат агол, започнете да контурирате од лакот на веѓата, сенчајќи нагоре до линијата на коската. Но внимавајте, оваа линија треба да биде паралелна со линијата која ја контурира јаболчната коска. Доколку сакате да ја исенчате пределот под брадата, контурирајте на брадата и сенчајте кон вратот.

Како до совршени веѓи >>

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?