Средените веѓи се најдобриот украс на лицето

Но ако не знаете кој облик најдобро стои на вашето лице, не двоумете се да се посоветувате со професионален шминкер. Сепак, и покрај тоа што често ги посетувате салоните за убавина, понекогаш е потребно и меѓу термините да посегнете за пинцета како би се решиле од непосакуваните влакненца кои го расипуваат впечатокот. А тогаш е важно да знаете едно основно правило кое ја ублажува болката и спречува да ви враснат во кожата.

„Влакното треба да се извлече правилно од кожата, а тоа ќе го постигнете само ако го искубете во насока на која што расте. Треба да избегнувате пресилно кубење и влечење бидејќи тоа може да допринесе за враснување на влакната во вашата кожа“, вели козметичарката на познатите девојки Суман Јалаф, за британскиот портал „Bryde“.

Треба да знаете и дека веѓите многу полесно ќе ги обликувате ако го направите тоа веднаш по туширање, кога порите се отворени, а влакната многу помеки. Не заборавајте ни на светлото кое не смее да биде премногу силно бидејќи така ќе го видите секое влакно на вашето лице и многу лесно може да се случи да претерате.

Наш предлог на моливче за веѓи

Brow Elegance All Day Precision Liner од Seventeen

Со ова моливче многу лесно ќе добиете убаво обликувани веѓи, со природен или истакнат ефект, во зависност од индивидуалните карактеристики на вашето лице. Овој производ е идеален за изведување на сите нови техники на веѓите, дефинирање на соодветниот облик, корекција на евентуалните недостатоци и менување на бојата. Достапен е во шест интензивни бои, со долготраен ефект и е одличен производ за овој период од годината. Покрај преубавите нијанси тука е и специјално обликуваната четка за совршено нанесување на пудрестата текстура. Производот е офталмолошки тестиран, без парабени, и што можеби е најважно, и покрај високиот квалитет на производот, исиот може да се набави по крајно поволна цена.

Кликни тука и види ја цената на овој производ >>

Фото. Инстаграм/ Принтскрин

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?