Одлични вести од нашата омилена интернет продавница

Познатата британска интернет продавница е омилената шопинг адреса на многу девојки, а од сега има и една дополнителна причина поради која ја сакаме уште повеќе. Иако и досега можевме да видиме козметички производи од најразлични брендови, од ASOS најавија лансирање на првата сопствена мејк-ап линија со голем распон на производи. Колекцијата ќе има од кармини, преку руменила и хајлајтери, сите спакувани во „милениумската“ розова амбалажа. Колекцијата првенствено е наменета за жени во 20-тите, а нијансите се наречени според различни женски расположение и квалитети како би ги охрабриле дамите секогаш да бидат свои. Цените се сосем нормални - ништо нема да чини повеќе од 20 долари (односно околу 1000 денари), а во продавницата треба да „пристигнат“ на 20 септември.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?