Тренд што го фураше Рејчел Грин

Кармин кој актерката го носеше постојано во култната серија „Пријатели“ повторно е во мода. Станува збор за нијанса која важи за универзална и поради која нашиот омилен лик Рејчел Карен Грин и денес важи за стилска икона. Со враќањето на трендовите од 90-тите повторно во фокусот е нејзиниот препознатлив стајлинг – карирани кошули, фармерки и неутралната шминка. Имено, Џенифер Анистон за време на снимањето на серијата постојано носеше иста нијанса на кармин, а во прашање е карминот „Paramount“ од MAC.

Џенифер во едно интервју оваа нијанса ја нарече кафеава, а брендот на својата страница официјално ја опишува како „боја на месо со сатенски финиш“.

Како и да е, карминот во кафеава нијанса и оваа есен ќе биде вистински хит, па доколку се уште го немате во вашата козметика чанта, крајно време е да го набавите.

Кои кармини ќе бидат популарни оваа есен >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?