Рецензија на маскарата Magna Lash од Radiant Professional

Покрај добриот кармин и квалитетната маскара е нешто без кое не можеме и кое мораме да го имаме во нашите козметички чанти. Тоа многу добро го знае секоја девојка па токму затоа постојано сме во потрага по совршена маскара која би можела да ги исполни нашите желби – да имаме густи, волуменизирани трепки и да направиме совршен ефект на вештачки трепки со кои ќе го имаме тој неодолив впечатлив поглед.

Токму затоа и бевме воодушевени кога во наши раце ни дојде црната маскара Magna Lash од козметичкиот бренд Radiant Professional. Амбалажата уште на прв поглед изгледа елегантно и едноставно, а црната боја која е заштитен знак на брендот потсетува на нешто гламурозно и префинето. Првите впечатоци – воодушевување! Радост! Она непроценливо чувство кога сте 100 % сигурни дека изгледате перфектно! Нашите трепки беа големи и фино обликувани, со импозантен волумен, додека со прецизната четкичка многу лесно ја нанесовме маскарата и воопшто немавме никаков проблем додека го правевме тоа...

Првата работа што ја забележавме – маскарата е совршена за секојдневна шминка и со неа покрај големите трепки, полни со волумен многу лесно можеме да постигнеме и ефект на вештачки трепки. Маскарата е подобра од многу други што ги имаме пробано досега, и покрај тоа што некои се дури и поскапи од неа. Им ја препорачуваме на сите жени што сакаат да имаат убави и густи трепки, без разлика дали природно се надарени или не со големи трепки. Што се однесува до нас ние сме презадоволни бидејќи ги исполнува сите наши желби, а во тоа се увери и една наша позната модна блогерка која имаше прилика да ја проба оваа ИТ маскара и да направи совршена шминка која можете да ја видите во следново видео.

Маскарате е идеална за сите жени кои сакаат да ги истакнат своите очи со црна или некоја друга нијанса, и притоа нема да мораат преку цел ден да размислуваат дали шмионката им се размачкала или не. Можете да ја порачате преку интернет продавницата Трговски.мк, но и да ја најдете во сите поголеми парфимерии низ Македонија.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?