Времето се уште е доволно топло за голи нозе и сандали

Трајниот лак кој ги издржа сите водени лудории на нашиот годишен одмор, сега повторно треба да го нанесеме, а бидејќи станува збор за преоден период не е лошо и нешто да промениме. Па така во потрага за нови идеи случајно налетавме на профилот на блогерката Британи Хавиер, попозната како @thriftsandthreads. Нејзиниот омилен маникир најчесто е во боја на кожа каде неутралноста е разбиена со симпатични детали. Воглавно станува збор за само еден нокт кој е украсен со различнин мотиви додека останатите остануваат премачкани со еднобоен лак, но понекогаш шарените детали можат да ги опфатат и другите нокти.

Британи на Јутјуб има поставено серија видеа како на своите обожаватели би им го покажала постапката како се прават овие симпатични дизајни, а во продолжение погледнете го нејзиниот туторијал како во помалку од 5 минути да го направите Evil Eye дезен.

Погледнете ги и останатите идеи со кои можете да ги зачините вашите нокти и да ја разбиете монотонијата на маникирот во nude нијанса...

НАШ ПРЕДЛОГ

Ние ви предлагаме да ги пробате новите нијанси на лаковите за нокти Supreme од познатиот козметички бренд Seventeen. Станува збор за лакови кои се достапни на нашиот пазар и кои ни доаѓаат во широка палета на бои така што лесно ќе ја најдете онаа што најмногу ви одговара и со која ќе ги заокружите вашите комбинации. Имаат екстра сјајни бои кои долго траат и брзо се сушат, а специјалната четка гарантира совршено нанесување.

 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?