magna

Досега имаме видено најразлични руменила

Но ова е прв пат да видиме руменило во тубичка за боја и мораме да признаеме дека сме воодушевени од нивниот изглед.

Станува збор за руменилото Cloud Paint кои ги лансираше познатиот американски козметички бренд Glossier кои за нивните бои својата  инспирација ја пронајдоа во заоѓањата на сонцето во Њујорк. Тие се спакувани во тубички како би наликувале на вистински туби за боја, а можат да се најдат во четири нијанси – светло розова, темно црвена, портокалова и кафеава. Покрај тоа што не освои со специфичното пакување, ни изгледа и како мошне практичен производ бидејќи можеме да го ставиме во чантата и не треба да се грижиме  дали ќе се истури или искрши. Руменилото можете да го купите на официјалната страна на Glossier по цена од 18 долари, а ние, едноставно не можеме да им одолееме на сите четири нијанси.

 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com