magna

Моливот за усни е неизоставен дел од шминкањето на жените.

 

Моливот за усни е неизоставен дел од шминкањето на жените. Тој доаѓа во разни бои и облици, но кога станува збор за негово нанесување, жените прават одредени грешки. Имено, или бојата е премногу темна, или линијата е премногу тенка или дебела... За да постигнете убави и полни усни, најпрво е битно пред да ставите молив за усни, да нанесете пудра. Доволно е само малку, а вишокот да го отстраните со влажни марамчиња. Добрата подлога е особено важна затоа што со неа го продолжувате времето на траење на шминката.

Пред нанесување на моливот важно е добро да биде изострен, но не и премногу. За правило да го нанесете моливот, устата треба да ви биде затворена и опуштена. Со тоа ќе го спречите собирањето на премногу боја во малите линии на усните. Секогаш користете боја каква што е нијансата на вашето руменило, а ако руменилото е потемно, нема да погрешите и ако нанесете молив во потемна боја.

Користете сина маскара ако сакате да ги истакнете очите >>

Нанесете го моливот почнувајќи од средината на усните, па движете се кон аглите. Таков начин на нанесување е најлесен, затоа што можете да бидете сигурни дека со ваквите чекори нема да направите големи грешки. Доколку сакате да ги зголемите усните, тогаш со моливот излезете малку од природните краеви на вашите усни, а доколку сакате да ги смалите, треба да нацртате линија под природните рабови на усните.

Доколку имате тенки усни, ви советуваме да користите моливи со посветли тонови, затоа што темните би можеле да делуваат затворено и уште повеќе визуелно да ги намалат усните. Внимавајте на тоа моливот да се спои со усните, затоа што така ќе ви трае подолго.

Па, среќно!

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com