Од кога се појави, Инстаграм е заслужен за настанокот на бројни интересни и необични трендови, особено кога е во прашање убавината.

 

Од кога се појави, Инстаграм е заслужен за настанокот на бројни интересни и необични трендови, особено кога е во прашање убавината. Коса во различни бои, металик усни, необичен маникир... Сето тоа и уште многу повеќе должиме на оваа социјална мрежа, а сега доаѓа уште еден тренд кој или ќе го обожавате или ќе го мразите.

Се работи за веѓи во облик на пердуви, а трендот е поттикнат од една финска мејкап артистка, која на Инстаграм објавила фотографија со силно нашминкани очи и веѓи разделени на средината. Шминката останала во втор план, затоа што веѓите го одвлекле целото внимание.

За обликување на веѓите таа користела лепило, што вам никако не би ви го препорачале. Наместо тоа, ако се решите да го испробате овој тренд кој е апсолутен хит на Инстаграм, послужете се со проѕирен сјај за усни, кој ќе го има истиот ефект.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?