loading...

Жените обожаваат трикови со шминкањето

Жените обожаваат трикови со шминкањето. Кога имаат малку време, а сакаат да дадат максимум од себе за да изгледаат што подобро, идеално би било кога сѐ што ќе посакаат би можеле да постигнат само со еден козметички производ.

И тоа е возможно, токму со карминот. Освен што со него можете да ги разубавите вашите усни, тој може да ви послужи и како „спас“ во овие неколку ситуации.

Контурирање

Иако е тешко да поверувате, за контурирање на лицето не ви е потребна цела палета. Доволно е да користите малку потемен кармин.

Зачадени очи

Истиот тој кармин можете да го искористите и за природен зачаден изглед на очите. Употребете ги прстите затоа што така ќе добиете најдобар ефект. Со многу маскара, вашите очи ќе дојдат до израз на вистинскиот начин.

Карминот како сенка за очи

Карминот во некои ситуации може да биде совршена замена за сенка, а ако не сакате да го шминкате целиот капак, ставете само малку на краевите, за дискретен розов сјај.

Руменило

Кога сте во брзање, а не знаете како да се нашминкате, со црвениот кармин никогаш нема да погрешите. Дури е доволно да ставите само малку пудра, кармин на усните и тоа е сѐ. Но, малку заводлив сјај нема да ви штети, па така, ставете малку кармин на јаболкниците и обезбедете си себеси природен и свеж изглед за секоја прилика.

 

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО