magna

Логично е вашата дневна шминка да се разликува од онаа која често ја нанесувате за свечени пригоди и ноќни излегувања.

 

Логично е дневната шминка да се разликува од онаа која често ја нанесувате за ноќните излегувања. Таа мора да ве прати целиот ден, давајќи ги целосно природен изглед додека сте на работа, факултет и слично. Лицето треба да ви изгледа природно и свежо. Дневното светло не поднесува тешка течна пудра, ниту пак премногу маскара на трепките. Токму затоа најдобро е ваквиот изглед да го зачувате за ноќта.

Правило број еден е да нанесете хидратантен крем со кој пудрата подолго ќе се задржува и ќе ви даде поприроден изглед. Исто така одлучете се да користите руменило во некоја свежа боја. Изберете розови и блескави нијанси, а не кафеави или виолетови. Истакнете ги очите со некоја нежна сенка, а еден слој маскара ќе ви биде сосема доволен.

Посветете внимание и на веѓите и секогаш трудете се тие да бидат уредни. Уште малку сјај или неутрална боја на вашите усни и вие ќе бидете целосно спремни за претстојниот ден.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО