magna

Кога станува збор за начините за разубавување, повеќето играат на сигурно.

 promeni1

Кога станува збор за начините за разубавување, повеќето играат на сигурно. Но, осудете се да ризикувате барем еднаш и пријатно ќе се изненадите и добро ќе се забавувате! Еве неколку промени кои можете да ги направите за таа цел.

1. Драматична промена на бојата на косата

Не мора веднаш од црна да посакате да ставите плава боја на коса, но барем еднаш испробајте нешто поинакво. Ако отсекогаш сте сакале да знаете како би ви стоела црвена нијанса, тогаш пробајте!

2. Големо стрижење

Ако цел живот сте имале долга коса, можеби ќе ви биде тешко да ја скратите, но потсетете се дека таа сепак расте. Не мора драстично да ја скратите, туку голема промена можете да постигнете и на тој начин што ќе скратите неколку сантиметри. Само важно е да бидете сигурни дека сте во раце на искусен фризер.

promeni1

3. Драматично контурирање

Разликите помеѓу природната боја на кожа без шминка и шминкањето со техника на контурирање се големи, но доколку умешно го направите тоа, ќе изгледате одлично! Зошто да не се обидете барем еднаш, па да знаете што добивате со тоа?

4. „Луда“ боја на косата

Розова или зелена боја на коса навистина не е за секого, но можете да постигнете супер ефект и со еден или два обоени прамени.

5. Истакнати веѓи

Истакнете ги веѓите така што ќе ги направите подебели. Со самата ваква промена можете да го промените целото ваше лице.

proomeni1

6. Само кармин и ништо повеќе

Истакнете ги усните со кармин, а остатокот од лицето оставете го „чисто“, а евентуално можете да додадете малку течна пудра или коректор. Едноставно нанесете го само омилениот кармин, често вам ви е потребно само тоа.

7. Целосно без шминка

За многумина ова е најголем ризик, меѓутоа, осудете се да излезете од дома без ниту малку шминка. Така ќе се уверите дека тоа не е ништо страшно, туку ќе сфатите дека ова е одлична вежба за зголемување на самодовербата.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО