loading...

Главно лице кое ќе ја претставува новата маскара на Maybelline New York е познатиот американски јутубер, Мани Гутиерес.

Минатата година првиот бренд кој избра маж за свој амбасадор беше „Cover Girl“. Тогаш младиот Џејмс Чарлс стана првиот маж кој претставува нечија шминка, а по ова следуваа бројни соработки помеѓу мажи кои се шминкаат и брендовите како на пример NYX, Milk Makeup и Анастасија Беверли Хилс, а Maybelline им се придружи со најновата соработка.

Мани кој во виртуелниот свет е попознат како Manny MUA на своите социјални мрежи има околу 3 милиони следбеници и зад себе има веќе лансирано своја палета со сенки под брендот Makeup Geek и сет со сјаеви за усни наречен под негово име за познатиот бренд Ofra. Тој е дел од новиот тренд попознат како beauty boys – мажи кои се шминкаат и ги делат своите совети на социјалните мрежи и имаат милиони прегледи и следбеници на различни платформи. Тој ќе биде главно лице во кампањата That Boss Life  заедно со познатите бјути блогерки Џеки Флаурс и Шејла, а кампањата ќе ја промовира новата Big Shot  маскара.

Мани не го крие воодушевувањето и на својот Инстаграм напиша дека е пресреќен што работи со еден толку познат глобален бренд и дека му е драго што истиот ги има препознаено и мажите како влијателни во светот на шминките и убавината.

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО