Тушот за очи го прослави филмската индустрија и благодарение на неа и денес сите се сеќаваме на некои од најстрасните погледи.

Се појавува како заштитен знак во светот на кинематографијата и модната фотографија и ја претставува ултимативната жена со желба да ја истакне својата убавина. Помодерен од било кога, а може да се носи како сакате - како чисти графички линии кои се протегаат низ очните капаци или нежно по коренот на трепките. Моќното враќање на модна писта и како еден од главните теми на совети за убавина, го симболизира вечниот стремеж да се создаде изглед кој ќе не издвои од другите и сето тоа на еден забавен начин. Токму затоа Lancôme уште еднаш ги поместува границите и го претставува Grandiôse Liner, револиционерен туш за очи инспириран од техниките кои ги користат мејкап артисите. Ги моделира сопствените правила, благодарение на суптилната техника и неверојатната флексибилност при нанесување. Ова чудо на технологијата вклучува вратило кое овозможува виткање на апликаторот до 35 степени и овозможува досега невидена флексибилност при нанесување. Нова густа, транспарентна и целосна мат формула го интензивира погледот и создава исклучително храбри линии.

Закоси, нанеси и креирај

Ова е една од најдобро чуваните тајни на мејкап артистите: виктањето на четката под агол овозможува поголема флексибилност и креативност, а со тоа и поубави очи. Со апликаторот под агол од 35 степени, Grandiôse Liner ја поедноставува техника и овозможува прецизна апликација. Виткањето на 35 степени за креативност до 360 степени дозволуваат нови правила на 'Играта' кои овозможуваат попрецизно нанесување. Lisa Eldridge, креативен директор за Lancôme мејкап, својата стручност ја искористила на најдобар можен начин - за утврдување на прав агол, односно бројот кој го симболизира почетокот на револуцијата во креативноста.

Апликаторот на тушот се витка благодарение на вратилото и се користи во две посебни позиции, а тоа се рамни и заоблени. Заоблената позиција обозебедува безброј можности за еден туш кој се нанесува лесно и прецизно од внатрешниот до надворешниот агол на трепките. Техниката на нанесување е прилагодена за клиентите и е крајно поедноставна. Grandiôse Liner има исклучително деликатен врв (од само 0,2 мм) со текстура од синтетички микровлакна и смола, која овозможува апсолутна флексибилност, што претставува клуч на прецизната линија. Кога се потопува во тубата, врвот апсорбира оптимална количина.

Неверојатен храбар мат финиш

Новиот туш за очи Grandiôse Liner од  Lancôme е составен од густи, транспарентни и екстремни мат пигменти кои создаваат неверојатно софистициран изглед. Тушот е достапен во три исклучително интензивни нијанси (црна како јаглен, сина како сафир и продорно смеѓа), а чистиот мат финиш носи бескрајна постојаност, без размачкување. Формулата на база на вода лесно се нанесува нежно и брзо се суши. Влагата и себумот во никој случај не влијаат на линијата. Grandiôse Liner лесно може да се отстрани и да се измие со топла вода.

 


Grandiôse Extrême: нов класик за неверојатен волумен на трепките

Ви ја претставуваме новата маскара Grandiôse Extrême која овозможува максимален волумен и совршено го надополнува популарниот „Grandiôse" изглед. Станува збор за иновативната формула која го реинтерпретира концептот на постојан волумен благодарение на апликаторот во форма на лебедов врат, кој сам ја наведува раката на нанесување од коренот на трепките. Трепките се убаво заоблени, издолжени и зголемени, а резултатот е исклучително софистициран и озвозможува заводлив изглед. Првата тајна за волумен се крие во големата количина на еластомер во четкичката. Големиот број на влакна се групирани во наизменични редови и овозможуваат подобро раздвојување на трепките и видно се зголемуваат.

Четкичката е формулата на новата генерација и е уште еден клучен фактор за постигнување на извонредни волумен. Неговата луксузна текстура лесно се нанесува и ги обвива трепките со мек и еластичен финиш. Лепливите полимери овозможуваат моментално преклопување трепките и долготрајна постојаност. Латексот формира заштитен слој околу трепките и обезбедува исклучителна издржливост и совршена шминка за 24 часа. Интензивни продорната црна боја на маскарата го нагласува волуменот. Благодарение на полимерот кој ја истакнува бојата и исклучително добрите пигменти, формулата подеднакво се дисперзира и обезбедува чиста и транспарентна црна нијанса. Оптималното поврзување ја подобрува компатибилноста на водената фаза на производот и восокот, за поефикасна дисперзија на пигментите. Црната никогаш не била толку моќна и трепките толку многу нагласени.

L’ABSOLU ROUGE

Карминот треба да блеска како скапоцен накит

„Карминот треба да блеска како скапоцен накит.“ Со оваа изјава, Armand Petitjean., основач на Lancôme, го постави тонот уште во 1937 година. Легендата за L’Absolu Rouge се градеше врз таа основа од 1990 година. Вистинска икона, симболичниот Lancôme кармин се менуваше во текот на годините, прилагодувајќи се на потребите на жените и постојано нудејќи им слобода да ја изразат ослободувачката, радосната и позитивната убавина. Денес, 25 години по неговото создавање, L’Absolu Rouge повторно се открива, станувајќи уште повеќе скапоцен, женствен и изненадувачи од било кога. Неговата палета на нијанси никогаш не била толку впечатлива и привлечна. Секоја нијанса е сместена во ново, ултра-атрактивно пакување, трибјут на скапоцените кутивчиња креирани од страна на Armand Petitjean.. Со скапоценото пакување што сјае уште повеќе, Lancôme го зачувува својот дух на совршенство и убавина.

Боја - најнеодолива и весела .. од задоволства!

Lancôme и даде слобода на мејк ап артистката Lisa Eldridge да создаде нови 39 нијанси, варијации на розева и црвена, од најнуд нијанса па се до најекстровертна. Сите од нив имаат уникатна вибрација и впечаток, како и временска префинетост и елеганција.

„Сакав да создадам колекција од екстремно чисти нијанси кои неодоливо го привлекуваат и окото и имагинацијата“, објаснува Lisa Eldridge. „Сакав да создадам нешто многу допадливо и возбудливо. Исто така се погрижив секоја фамилија на бои да биде добро застапена, со перфектни нуд нијанси, интензивни црвени, темни малини, енергични портокалови и едноставни, но сепак живи розеви тонови“ вели мејк ап креативниот директор на брендот и препорачува екстремно модерен Корејски изглед на усните, инспириран од градација на две нијанси. Употребете две комплементарни нијанси за шик изглед или комбинирајте две нијанси кои се поконтрасни – на пример интензивна портокалова со жива модро-розева за поуметнички изглед.

Комбинирајте текстури да го истакнете контрастот!

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?