loading...

Гламурозна презентација на новите производи на Ланком на која присуствуваа познати лица од светот на козметиката, модата и медиумите.

Главeн десерт на вечерта беа новите есенски нијанси на карминот L’Absolu Rouge, како и неколку други производи од познатиот француски бренд кои ни ги претстави Ивана Лисак, регионалната мејк ап артистка за Ланком. Таа преку нашминканите манекенки кои беа облечени во креации од нашата дизајнерка Јована Филиповиќ ни презентираше неколку впечатливи мејкап решенија кои вклучуваат поинтезивни шминки, како нагласени црвени усни, потоа популарната шминка зачадени очи (smokey eyes), но и шминки кои се типични за дневен или деловен изглед. Дел од атмосферата можете да видите на фотографиите, додека приказната за овој познат француски бренд можете да ја прочитате во продолжение.

Создаден во 1935 година од страна на генијалниот визионер Арманд Петижан со цел да го промовира францускиот стил и вкус низ целиот свет, Ланком секогаш бил олицетворение на современата убавина. Бренд во кој фигурира одличното, совршениот мирис за нега на кожа, и шминка кои одат рака под рака. Од своето создавање во 1935-та година, Ланком ја открива убавината на жените од целиот свет и им помага да донесат што повеќе убавина во својот живот, без разлика на нивната возраст, стил и боја на кожа.

Името Ланком е инспирирано од « Lancosme », средновековен замок во Vendoeuvres, кој е сместен во срцето на Франција. Правописот подоцна беше променет, односно беззвучното С беше заменето со циркумфлексен акцент. Ова име брзо стана синоним на француската совршеност, елеганција и одговор на реалноста на меѓународниот развој.

Mr Petitjean ја одбра розата како симбол на Ланком, која ја претставува идејата на убавина и женственост. Розата ја претставува бескрајната женственост, но исто така може да биде и симбол на нашето време; деликатно, но истовремено и силно.

Розата ја претставува хармонијата, вистината и великодушноста.

Кога некому ќе му подарите роза, тоа е најчовечниот начин да се каже – Те сакам и ти посакувам се најдобро, Ми недостасуваш. Вака сакаме нашите купувачи да се почувствуваат кога ќе добијат или подарат некој од продуктите на Ланком. Овие производи велат: ние ќе ја сублимираме вашата убавина и ќе се грижиме за вас.

Од самиот почеток, Ланком беше бренд основан на три оски.

Повеќето од конкурентните брендови започнале со една оска, а потоа ги развиле другите. На пример, Dior, Chanel, Armani  започнале со парфеми, па потоа мејк ап, а Estee Lauder, Clinique, Biotherm - со производи за нега на кожа. Дури сега повеќе од брендовите имаат три оски, но ова не било од почетокот како кај Ланком.

За Ланком да ја пренесе идејата за убавина и женственост низ светот, Арманд Петижан основал школо за Амбасадори на Ланком во 1942 година. Амбасадорите на Ланком биле регрутирани по најригорозни криетериуми. Морале да претставуваат, промовираат, да го воспостават и развијат брендот низ целиот свет.

Денес Ланком ја претсавува француската убавина на пријателски и разигран начин, придружувајќи ги своите клиенти како гости, притоа ненаметнувајќи им се воопшто. Од само неколку минути до повеќе од час, нивната цел е да ги едуцираат и обучат своите клиенти како да ја подобрат нивната убавина. Покрај култни производи, тие секогаш се горди да претстауваат и да не подучат, многу јасни во нивните вредности на услугите:

„Се започнува и завршува со „le Sourire Lancôme”. Ние не само што продаваме, туку служиме и им нудиме услуги на нашите гости. Ние не сакаме само да продадеме, туку и да изградиме однос со нашиот клиент“, велат одговорните од овој познат француски бренд.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО