magna

Нокти како огледало се во мода!

Нокти како огледало (mirror или chrome маникир) се вистински хит во последниве неколку месеци. Инстаграм е преполн со фотографии на вакви нокти на кои едноставно не можеме да престанеме да се воодушевуваме. Салоните за убавина што ги контактиравме ни објаснија дека тајната се крие во специјални пигменти во разни металик нијанси во комбинација со гел техниката, но главниот проблем е во тоа што не можете да ги направите дома, без да користите ламби и гел техника. Токму затоа и покрај тоа што постојат бројни видео туторијали на Јутјуб за постигнување на овој ефект, можеби е најдобро да им ги препуштите своите ценети прсти на професионалци (или евентуално да употребите лак за нокти со металик ефект, но во овој случај не сме сигурни дека ќе го добиете токму истиот резултат како оној на Инстаграм). Токму поради овие недоумици и решивме да побараме помош од стручни лица и поразговаравме со Александра Ристевска, сопственичка на салонот  Beauty Clinic од Битола која во кратки црти ни ја објасни методата со која ги прави овие прекрасни нокти.

Па, како се прави тоа? Александра ни објасни дека за да го постигне магичниот огледало ефект таа ги користи производите од познатиот бренд MAGNETIC, односно новите пигменти Magnetic Magic Chrome&Pigments. Сè што треба да се направи за овој прекрасен светкав финиш на ноктите е над гел лакот да се нанесе еден слој Supreme Finish MAGIC SHINE. Потоа слојот треба да се пече на UV ламба една минута или само 30 секунди, доколку имате Twinlight ламба. Потоа со специјалната четка Magic Pigment Brush, веднаш, во рок од една минута после печењето треба да се нанесат пигментите. Тие треба да се фиксираат под UV ламба (30 секунди) или под Twinlight (10 секунди), а потоа да се стават два слоја на заштитен слој MAGIC SHINE.

Не е комплицирано, нели? Но само доколку направите вакви нокти кај вистински професионалци. За подетални информации погледнете го видеото!

Александра, кои производи ги користиш за да го направиш овој преубав маникир со ефект на огледало?

За да овој маникир које е мошне популарен и кај нас ги користам пигментите на Magnetic „Magic Chrome&Pigments“ кои според мене се најдобри. Тие се одличен избор и се достапни во повеќе нијанси, а моите клиенти се исклучително задоволни од резултатот што го постигнувам со нив. Нијансите дозволуваат голема креативност во работата, како и лесно задоволување на желбите на сите девојки. Ги користам и на траен лак и на гел, а за да се уверите во нивниот квалитет, треба да дојдете во мојот салон и да пробате. :)

Зошто токму производите на Magnetic?

Производите на Magnetic, според моето досегашно искуство, се едни од најдобрите на нашиот пазар кога станува збор за маникир.

Покрај пигментите ги користам и типсовите од овој реномиран бренд кои се совршени за надградба на нокти. Едноставно се незаменливи. Особено за девојките кои имаат меки и кршливи нокти. Квалитетните производи на овој бренд ја олеснуваат мојата работа и едноставно им нудат беспрекорен квалитет на моите клиентки.

Да резимираме во кратки црти. За овие нокти кои се вистински хит на социјалните мрежи, покрај пигментите клучно е да набавите и заштитен слој, односно top coat (Александра користи Supreme Finish MAGIC SHINE од Magnetic). Обичниот лак може да го уништи ефектот, а ваквиот маникир не може да функционира без заштитен слој кој мора да го држи пигментите на местото. (Што се однесува до пигментите, Александра ги користи „Magnetic Magic Chrome&Pigments“ и ни вети дека со нив ќе ни направи преубави нокти со фантастичен огледало ефект кога ќе го посетиме нејзиниот салон во Битола. Доволен предизвик веднаш после работа да тргнеме кон градот на конзилите, нели?). Пигментите се нанесуваат над првиот слој и заштитниот слој, а за што подолг резултат треба да се користат гел лакови и ЛЕД ламба.

Па и не звучи баш толку комплицирано, а изгледа прекрасно, нели?

Повеќе информации за производите на Magnetic побарајте на нивната Фејсбук страница >>

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО