Без разлика дали станува збор за подочници, флеки или ситни брчки, вистинскиот коректор може да направи чуда од вашето лице.

Ние го пробаввме новиот коректор Μatt Concealer Extra Coverage од козметичкиот бренд Seventeen и можеме за да ви гарантираме дека е еден од најдобрите кои можат да се најдат на нашиот пазар. Овој коректор одлично ги покрива недостатоците на секој тип на кожа, има прилично достапна цена, и што е најважно – останува на лицето многу долго време. Сите девојки кои го пробаа, а меѓу нив и познатите блогерки Александра од I’am Alekk Potter и Искра од Aesthetic Illustrated истакнаа дека овој течен мат коректор ги покрива подочниците подобро од другите така што ако тие се вашиот главен проблем ова би било одлично решение за вас. Оваа кремаста формула не само што ги корегира недостатоците и ги покрива темните дамки и подочниците, туку исто така ги израмнува ситните брчки и ја храни кожата со витамини, истовремено обезбедувајќи долготрајна максимална покриеност.

 К А К О  И З Г Л Е Д А / М И Р И С А 

Прекрасен дизајн кој вклучува специјална четка со која многу лесно се нанесува на проблематичните делови на лицето..

 К Л У Ч Н И  С О С Т О Ј К И 

Содржи зелен чај и екстракти од калинка кои помагаат да се намали појавата на темни кругови и подочници. Не содржи парабени, наменет е за сите видови на кожа, дерматолошки е тестиран и е достапен во пет различни нијанси од кои можете да ја изберете вашата.

 З О Ш Т О  Г О  С А К А М Е 

Течните коректори се многу важен елемент во секоја козметичка торбичка, бидејќи можат значително да го променат нашиот изглед. Доколку правилно се користи (види тука), со коректорот може да се осветли темното лице, можат да се покријат ситните недостатоци, и можеби најважното – да се сокријат подочниците, односно проблематичните делови во пределот на очите, кои знаат да задаваат многу главоболки

Кликнете тука и провери дали во моментот има попуст за овој производ >>

види повеќе »

 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?