FaceBook  Twitter  

Како што се менуваат температурите, постепено ја менуваме и прилагодуваме и облеката, но и целокупниот изглед, вклучувајќи ја и шминката.

Влегуваме во периодот од годината кога ќе мора да се снабдиме со соодветни козметички производи кои ќе не заштитат од негативните влијанија на студот и ветерот надвор, но и на сувиот топол воздух во затворените простории. Треба внимателно да ги избереме производите кои покрај тоа што ќе ни овозможат да изгледаме убаво ќе ни помогнат и да имаме здрава и негувана кожа. Тука првенствено мислиме на квалитетна крема за лице, како и на квалитена течна пудра, во нијанса која ќе одговара на тенот по годишните одмори, но и со соодветна формула за заштита на кожата на лицето во студените денови.

Понудата на течни пудри на нашиот пазар е богата и разновидна, но треба внимателно да бираме земајќи ги во предвид карактеристиките што ги бараме и секако – цената во однос на квалитетот! Многу брендови нудат иновативни производи, па дури и револуционерни, кои можат да ги задоволат потребите на вашиот тип на кожа, без разлика дали е сува, мрсна или мешана. Во моментов меѓу најпопуларни се пудрата кои имаат средна до силна прекривна моќ и кои ги камуфлираат порите и другите несовршености на лицето, но истовремено обезбедуваат и заштита и хидратација на кожата во текот на целиот ден.

Па, еве го нашиот избор за оваа сезона:

NATURAL FIX - Radiant Professional 

Пудрата NATURAL FIX се задржува на вашето лице долго време и совршено ги сокрива недостатоците, збогатена е со витамин Е за екстра хидратација и содржи ситни прашкасти честички за регулација на маснотиите на лицето. Апсолутно не е штетна за вашето лице, не содржи масла и парабени и одговара на сите типови на кожа.

NATURAL VELVET 

Покрај Natural Fix пудрата од Radiant ви предлагаме да ја пробате и течната пудра Natural Velvet од SEVENTEEN. Пудрата има течна, креместа структура која лесно се нанесува и го прави лицето кадифено мазно и меко. Содржи витамини А , Е и Ф и полисахариди за обновување и хидратација на кожата како и за заштита од појава на брчки. Изработена е според најнова технологија, без додаток на масла, погодна за сите типови на кожа. Содржи СПФ 20 за заштита на лицето од штетните сончеви зраци и долготрајна е преку целиот ден

AIR FINISH Longlasting Make Up

Средно покривна пудра со долготраен ефект и СПФ 20, идеална за нормална до сува кожа. 

Ако барате лесна течна пудра Air Finish Longlasting Make up од Radiant Professional е идеалниот производ за вас! Течна пудра со лесна текстура која овозможува средно покривање и долго останува на лицето. Лесно се нанесува и е идеална за секојдневна употреба. Збогатена е со витамин Е за екстра хидратација и обезбедува заштита од сонце со заштитен фактор 20. Не содржи масла и одлично одговара за нормална до сува кожа.

А која е вашата омилена течна пудра? Напишете го вашето мислење во коментарите или испратете ни рецензија на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и ние ќе ја објавиме

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Ресторанот "ОЛИМПИА" е лоциран во населба Радишани, на 8 км од центарот на Скопје, во удобна и тивка атмосфера. ...
Ресторанот е во склоп на хотелот Ми­ле­ни­ум Палас и е со капацитет од 160 лица и тераса со капацитет од 100 лица. ...
Хотелот е сместен во боровата шума во населбата Св. Стефан, на 4км од Охрид и 100 метри од езерското крајбрежје. ...
Само 6 км од Маврово ски-центарот овој хотел е сместен во националниот парк, со поглед на Мавровско Езеро. ...
Во самото срце на Градскиот парк, среде богатото зеленило, се наоѓа реномираниот ресторан "Уранија". ...