Маскарата, покрај карминот, е секако неизбежен производ во козметичкиот несесер на секоја жена што се грижи за себе и сака да изгледа убаво.

Маскарите ни помагаат да ги нагласиме очите, да ги продолжиме трепките и да им дадеме волумен, а најголемиот проблем е да пронајдеме совршена маскара која ќе одговара на нашите трепки. Од друга страна и ефектот на вештачки трепки навистина тешко се постигнува со обичните маскари, но ова дефинитивно не важи и за новата маскара „Lash Elegance“ од познатиот бренд SEVENTEEN со која многу лесно ќе постигнете густи и драматични трепки. Во морето маскари кои можат да се најдат на нашиот пазар ја избравме токму оваа затоа што ги има сите карактеристики да стане вашата нова омилена маскара бидејќи истовремено ги продолжува, свиткува и фиксира трепките, и создава ефект на вештачки трепки.

Маскарата „Lash Elegance“ има еластична текстура која е специјално подготвена за да се избегне создавање на грутки на трепките и претставува одличен производ за сите дами кои сакаат да имаат совршени трепки. Маскарата овозможува исклучителен волумен, фантастично издолжување и дефиниција, трепките не се лепат, а мултидимензионалната четка која ги издвојува трепките е идеална за лесно нанесување и ефект на вештачки трепки. Таа е без мирис, офталмолошки тестирана и лесно се отстранува. Достапна е во 4 различни нијанси со кои многу лесно се постига инстант волумен кој останува со часови.

Оваа маскара можете да ја купите во сите поголеми парфимерии низ Македонија, а на Трговски (www.trgovski.mk) можете да ги разгледате сите нијанси од овој производ.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?