Иако, за разлика од другите производи, парфемите немаат рок на траење, не треба да мислите дека тие не можат да се расипат.

 

Иако, за разлика од другите производи, парфемите немаат рок на траење, не треба да мислите дека тие не можат да се расипат. Па, бидете внимателни и проследете ги овие неколку совети со кои ќе им осигурите долговечност на вашите парфеми.

7 нови парфеми идеални за пролет >>

Ако својата колекција парфеми гордо ја изложувате на некоја полица, ризикувате нивниот мирис да исчезне поради сончевата светлина и високите температури. Имено, топлината може да предизвика хемиски реакции кои ќе го нарушат оригиналниот мирис, а исто така може да биде оштетена и амбалажата во која се наоѓаат.

1 parfem1

Парфемите во темни и непроѕирни шишиња се поотпорни на таквите услови, па нив можете да ги изложите ако ги држите подалеку од прозорец и радијатор. Во принцип, колку е повеќе темна амбалажата, толку вашиот парфем е посигурен.

Нанесете парфем само на едно место на телото и ќе мирисате цел ден >>

Сепак, многумина своите парфеми ги држат во бањата, а тоа исто така може да биде штетно затоа што големата количина на влага негативно влијае на сочувувањето на мирисот. Пронајдете затворен простор во бањата или пак некоја кутија, каде што нема да допира пареата од туширањето. Исто така, за да осигурите долговечност на омилениот мирис, чувајте го парфемот исправено, во неговата оригинална амбалажа, а настојувајте и да не го отворате и затворате премногу често. Секако, ако можете да му одолеете!

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?