magna

Ако не излегувате од дома без нанесување парфем, имаме лоши вести - најверојатно го нанесувате целосно погрешно.

Ако не излегувате од дома без нанесување парфем, имаме лоши вести - најверојатно го нанесувате целосно погрешно. Сигурно знаете дека парфемот треба да го нанесете навратот и зглобовите затоа што овие места претставуваат „точки на пулсот“, област на која можете да го почувствувате отчукувањето на срцето. Топлината која телото на испушта на овие точки може да го зголеми мирисот на парфемот и поради тоа најверојатно пропуштате да го нанесете на некои важни места на своето тело.

Дали сте знаеле дека најдобро место за нанесување парфем е папокот? Експертите тврдат дека тоа е најдобро место затоа што неговиот облик служи како природен склад за мирис, а топлината на телото ќе му дозволи да се шири. Но, тоа не го откриваат само експертите. Познатите ѕвезди исто така го користат овој трик.

Ако сакате дополнително да го зголемите ефектот на парфемот и неговото подолго траење, можете да го ставете зад колената и во внатрешноста на лактовите. Со оглед на тоа дека лактовите и колената во текот на денот постојано се поместуваат, тие генерираат доволно топлина која го шири мирисот на парфемот.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com