magna

Постојат некои парфеми кои се вечни, кои едноставно им одолеваат на сите нови трендови и на кои времето ништо не им може.

Постојат некои парфеми кои се вечни, им одолеваат на сите трендови и на кои времето ништо не им може. Погледнете ја оваа листа од пет такви парфеми, кои никогаш нема да излезат од мода.

„J'adore“ Dior

Овој модерен, гламурозен парфем настанал во 1999 година. Сладок, но лесен, парфем кој станал многу популарен поради што добил неколку свои варијации.

„CK One" Calvin Klein

Еден од првите парфеми на светот кој го носел предзнакот унисекс. Парфемот се смета и за чудо од својот вид, па успеал да добие висок статус и да ја задржи својата популарност и во денешно време.

„Chloé Eau de Parfum" Chloé

Посебен и сензуален мирис за сите прилики и за сите годишни доби. Овој парфем е одличен спој на цветови, па доколку сакате оригинален мирис кој буди чувство на класика, тогаш Chloé е идеален парфем за вас.

„Chanel No 5" Chanel

Ова е еден од најпознатите парфеми на сите времиња, креиран од Ернест Бо во 1921 година. "Chanel No 5" никој нема да остави рамнодушен.

„5th Avenue" Elizabeth Arden

Парфемот настанал во 1996 година а називот го добил по најпознатата улица на светот која е олицетворение на богатството и луксузот. Наменет е за жени со стил, паметни, успешни и елегантни.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com