magna

Лакирањето нокти не е така едноставно како што изгледа, а грешките особено се гледаат кога се лакирате со некоја посилна боја.

 

Лакирањето нокти не е така едноставно како што изгледа, а грешките особено се гледаат кога се лакирате со некоја посилна боја. За да ги лакирате совршено вашите нокти, трудете се да го правите следново: Во сад со вода ставете лепило за нокти, па добро промешајте. Со тенка четка земете од смесата и премачкајте околу вашите нокти, но не и самиот нокт. Кога ќе се исуши, лакирајте ги вашите нокти. Исушеното лепило нема да дозволи лакот да излезе надвор од вашиот нокт, а и лесно ќе можете да го отстраните.

Ако сакате да постигнете постојана боја, тогаш ноктите прво премачкајте ги со бел, непроѕирен лак, а потоа, откако ќе се исуши, нанесете ја посакуваната нијанса, затоа што на овој начин бојата на вашите нокти ќе биде многу поизразена.

Како да поправите скршен нокт за само 5 минути >>

За брзо да го исушите вашиот лак, после лакирањето на секој прст ставете малку масло за да го прекрие лакот. За неколку секунди лакот ќе се исуши. Маслото (сончогледово, маслиново), можете да го ставите и на кожата околу ноктот и да ја прихраните.

Интернетот потполно одлепи по маникирот со жица, а сега ни е јасно и зошто >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО