ban2

Направете совршени нокти

Лакирањето на нокти веќе одамна не е само нанесување на слоеви лак на вашите нокти, туку станува вистинска уметност. Еден од последните интересни трикови се и новинарските нокти, а потребно е само неколку чекори за да ги направите истите. Прво на ноктите нанесете слој базен лак за да го заштитите и потоа нанесете слој сива боја и причекајте да се осуши.

Сега е време да нанесете принт од весникот. Земете алкохол и ставете го во мал сад, а потоа ставете го ноктот во садот, задржите пет секунди и залепете дел од весникот на него. Весникот држете го притиснат пет секунди, а откако ќе го тргнете, буквите ќе останат.

Тоа повторете го со секој нокт, и на крај на нив нанесете еден слој гел лак како би спречиле принтот да се избрише, но и да им дадете сјај на ноктите.

Не е тешко, нели?

 

 

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?