Кожата околу очите е тенка и чувствителна, па затоа треба да внимавате не само на тоа каков крем нанесувате, туку и на кој начин го правите тоа.

 krem1

Кожата околу очите е тенка и чувствителна, па затоа треба да внимавате не само на тоа каков крем нанесувате, туку и на кој начин го правите тоа. Прочитајте ги овие 4 правила до кои треба да се придржувате кога ја негувате областа околу очите.

1. Нанесете го кремот само на коската околу очите

Со чисти раце нежно притиснете ја кожата под очите додека не ја пронајдете коската точно на врвот на јагодицата. Формулата за кремот околу очите е направена токму со цел да делува на тоа подрачје. Нанесувајте на тој начин што нежно ќе тапкате по кожата, со што ќе го спречите нејзиното развлекување.

2. Не нанесувајте го кремот премногу блиску до трепките

Доколку го ставате кремот премногу блиску до трепките, со трепкањето тој може да заврши во очите и така ќе си предизвикате иритации и инфекции.

3. Користете крем во мали количини

Доколку го нанесувате кремот по целите капаци, односно во премногу големи количини, тогаш тој ќе заврши во очите затоа што нема каде да оди на друго место. Затоа, внимавајте каде ќе го нанесувате.

4. Избегнувајте кремови со маслени состојки

Кога избирате крем за очи, избегнувајте ги оние кои содржат минерални масла или вазелин. Станува збор за тешки масла кои може да бидат претешки за нежната кожа околу очите, па со текот на времето може да предизвикаат прерано појавување на брчки. Освен тоа, овие состојки може да допрат и до очите додека спиете, па утредента да се разбудите со подуени очи.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?