Според дерматолозите постојат одредени моменти кога морате да си дозволите да имате по некоја неправилност на вашиот тен.

Ако сакате дословно да заблескате на некој настан и за тој ден имате закажано третман кај вашата козметичарка - Ве молиме откажете!

Иако мислете дека на свежо третираната кожа пудрата ќе изгледа беспрекорно, дерматолозите предупредуваат дека тоа е нешто најлошо што можете да го направите на вашето лице. Дури и најнежните третмани можат да направат вашите пори да бидат пречувствителни и во никој случај во тој момент не би требало да ги покриете со шминка.

Што да правите?

Па во иднина никогаш не закажувајте козметички третмани на лицето кога имате некои настани на кои сакате да бидете нашминкани. Оставете барем еден ден по третманот вашето лице да се одмори. Ги исчистивте порите и ги отстранивте мртвите ќелии и не треба вашиот тен веднаш да го затрупате со нов слој хемикалии туку да го пуштите да дише.

Идеално би било кога третманот ќе го направете еден ден пред важниот настан на кој планирате да присуствувате и утредента вашата шминка ќе изгледа беспрекорно.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?