Првите трендови во светот на убавината веќе се најавени

Од најпосакуваните нијанси на шминки па се до новите формули на производи за нега кои ќе ги заменат старите класици. Тука се и неколкуте трендови кои се истакнаа во светот на фризурите, а покрај иновативните техники за бојадисување на косата, косата со должина до раменици се истакна како една од најпосакуваните фризури која ќе биде хит во 2018. Таа и сега, при самиот крај на годината, е една од најпосакуваните во фризерските салони. Прамените кои паѓаат благо на рамениците, со должина измеѓу краткиот боб и нешто подолгите прамени на популарната лоб фризура веќе се популарни и меѓу бројни трендсетерки.

Оваа тренди фризура подеднакво добро им стои како на оние кои имаат виткана коса, така и на оние со права, и тоа без разлика дали станува збор за овално лице или лице во форма на срце или круг. Покрај тоа станува збор за крајно практична фризура која воедно остава и доволно простор да си поиграте со неа, па дури и за новогодишните празници, без разлика дали ќе одлучите за драматичен рез или ќе внесете разиграни слоеви и прамени.

Погледнете неколку интересни инспирации како да ја носите оваа фризура >>

 

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?