Време е да заборавиме на омбре, сомрбе и балајаж техниките – сите жени на Инстаграм полудеа за овој тренд на бојадисување на коса.

Нов тренд на бојадисување на коса кој е во склад со празничното расположение. Трендот е инспириран од популарниот зимски пијалак, а на косата ќе ви ја пренесе силната црвена нијанса со примеси на виолетови под-тонови. Станува збор за боја на црвено варено вино која е идеално за овој период од годината бидејќи му ласка на светлиот тен и секогаш со себе носи доза на луксуз. Голем предност на оваа нијанса е и тоа што можете да ја прилагодите на секој тен бидејќи не станува збор за само една нијанса, туку за палета од силни црвени тонови. Па така девојките со посветол тен ќе им стојат посилни тонови со примеси на розови под-тонови, додека оние со потемен тен ќе играат на сигурно со бордо нијанси.

Оние девојки кои не се подготвени да ја бојадисаат целата коса, им препорачуваме да се обидат да го освежат изгледот со неколку прамени во боја на црвено вино кои најдобро ќе изгледаат ако се направени во празничен стил.

Како и да е, ако сакате промена ова е боја со која едноставно не можете да погрешите, а се што е потребно е да ја најдете вистинската нијанса што најмногу ја сакате на некоја фотографија од Инстаграм и да му ја покажете на вашиот фризер.

Па дали сте подготвени за компилименти?

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?