Како што веќе знаете, денешните модни трендови бараат што поприроден изглед на косата.

 kosa

Како што веќе знаете, денешните модни трендови бараат што поприроден изглед на косата. Што значи, помалку време ќе поминувате во нејзино исправување, виткање или друг вид стилизирање. Но, секоја дама ќе се согласи дека сепак е потребно малку стилизирање, со цел таа да изгледа средено. Во зависност од видот на коса, во продолжение ви прикажуваме како да ја остварите оваа цел.

Права ксоа

Ако имате права коса, а сакате да постигнете „неуреден“ изглед, а притоа вашите краеви да не изгледаат суво, потребно е после миењето на косата да нанесете средство за волумен, и да ја чешлате додека целосно не ја отплеткате. Потоа исплетете две плетенки и оставете ја косата да се исуши. Потоа отплетете ги плетенките и ќе добиете интересен изглед.

Брановидна коса

Што и да правите, не бришете ја косата додека е влажна, затоа што на тој начин сигурно ќе ги уништите дефинираните бранови. Наместо тоа, пратете го овој едноставен трик и избегнувајте да ја допирате косата. За совршени меки бранови, почнете со нанесување масло на краевите. Потоа ставете ја косата зад ушите и закачете ја благо со цел да избегнете прекршување на косата. Оставете ја така да се исуши.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?