Нова хит фризура на нашите радари

И додека некои од нас се уште не можат да се одлучат дали да направат „боб“ или „лоб“ (long bob) светски познатите ѕвезди ни претставија нов тренд. Во прашање е новата „ноб“ фризура која всушност претставува нова интерпретација на сеприсутната „боб“ фризура. Оваа фризура името го доби според познатата холивудска актерка Нина Добрев.

Нина во нејзината кариера често ги менуваше фризурата, должината и бојата на косата, а со тек на годините, како и многу нејзини колешки почна да ја крати и должината. По многу долгата коса и носење екстензии на формални настани, дојде време и за лоб, а потоа многу ѕвезди наместо да ја пуштат косата, одлучуваат да направат боб. Овие две фризури се толку популарни поради својата едноставност и лесно одржување, а тоа за секоја девојка што сака да изгледа убаво е дополнителен плус. Неодамна ви пишувавме за боб фризурата на шармантната обвинителка Ленче Ристоска што е само уште еден доказ дека овие фризури се хит и во Македонија, а денес ќе се задржиме на новата фризура на Нина. Имено таа откако им се придружи на своите колешки во клубот на обожавателки на есенската „стокмена“ боб фризура реши да отиде еден чекор понатаму и ја создаде новата „ноб“ варијанта.

За оваа фризура заслужен е салонот „Nine Zero One“ и стилистката Риавна Капри. Таа е главната виновничка за големите стилски промени на многу познати холивудски ѕвезди, а меѓу нив ќе ги споменеме Ема Робертс и Венеса Хаџенс. Риавна на Нина најпрво и направи „аглест“ боб, односно накосен боб кој е пократок во задниот дел, а подолг во предниот, за да на крај направи густи и кратки таканаречени француски шишки.

Шишките во комбинација со боб фризурата изгледаат шик, а девојките од целиот свет веќе почнаа да ја тражат низ салоните. Па доколку сакате и вие да направите промена оваа есен и зима, можеби токму една ваква фризура е вистинското решение и за вас.

Што мислите?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?