Нов имиџ на познатата старлета

Ким Кардашијан има посебен стил на облекување. Таа сака да експериментира со облеката (сакаме и ние, но нашето експериментирање е „малку“ поразлично!), а исто така воопшто не се плаши и да експериментира со фризурата (е за ова и симнуваме капа!). Таа овој пат ги изненади сите на Модната недела во Њујорк со својата нова боја на коса.

Црната боја на косата ја замени со боја која стручните лица ја нарекуваат „платинесто плава“. Во прашање е голема промена која црнонокосите девојки ја избегнуваат бидејќи се плашат од крајниот резултат кој често може да НЕ биде онаков каков што посакувате. Имено, пред да преминете од бринета во „плавуша“ потребно е да проверете дали „плавата“ боја (се мисли на жолта нијанса) е комплементарна со бојата на вашата кожа. „Пепел“ нијансата добро стои на жените кои се со постудена боја на кожа, а златните нијанси на оние со потопли тонови. Важно е да обратете внимание и на под-тонот и да имате во обѕир дека плавата боја на коса ретко стои добро на жолтиот под-тон. Ако како дете имавте руси прамени во косата, тогаш дефинитивно можете да се подготвите за промена.

Па, како ви се допаѓа Ким повеќе – како бринета или плавуша?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?