Поради својата професија, познатата 22 годишна манекенка многу често мора да го промени својот имиџ, а така беше и на снимањето на последната кампања за престижниот американски дизајнер Стјуарт Вајцман.

Џиџи е позната и по нејзината долги руси бранови во косата ...

Но 22 годишната манекенка често, поради својата професија, мора да го промени препознатливиот имиџ, а така беше и на снимањето на последната кампања на американскиот дизајнер Стјуарт Вајцман.

На фотографиите кои можевме да ги видиме Џиџи ја скрати својата долга коса во многу кратка фризура која не потсети на 60-тите години од минатиот век. И покрај тоа што повеќето жени денес не би имале храброст да носат ваква фризура, Џиџи со овој потег ни покажа дека нејзе и стои буквално сé, иако овојпат во прашање е перика. Но сепак, нам ни изгледа многу подобро со долги прамени кои со тек на време станаа и нејзиниот заштитен знак. Според нејзиниот фризер тајната на нејзината коса лежи во овие неколку работи:

1. Кога ќе ја осушите косата, на крајот поминете со студен зрак, како би и додале дополнителен волумен. 2. Кога сонцето е јако, носеше шешир или набавите производи со заштитен фактор за коса. И нејзе и е потребна заштита. 3. Мијте ја косата само кога е потребно. Но секогаш можете да ја намокрите со вода, без класично миење и употреба на сушила за коса. 4. Морате да знаете на каков тип коса имате и според тоа треба и да ја негувате. Не одговараат сите производи на секој тип коса. 5. Не претерувајте си топлината на разни алати за стилизирање па кога е тоа возможно, немојте да ги користите, бидејќи ја слабеат и уништуваат косата, но тоа веќе добро го знаеме, нели? 6. Не треба косата постојано да ја носите во опашка, бидејќи и ластичињата ја слабеат. Оставете ја да дише, но ако овие фризури ви се неизбежни - внимавајте да не ја стегате пресилно.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?