Зошто некој многу рано забележува бели влакна, а некој во педесеттите едвај има само неколку?

kosa

Зошто некој многу рано забележува бели влакна, а некој во педесеттите едвај има само неколку? Одговорот на ова прашање долго ги мачело научниците, кои и понатаму се обидуваат да пронајдат начин да го преиспитаат овој процес. Поради што воопшто белееме и што придонесува некој да побелее дури и во дваесеттите години? Не е возможно да се одреди единствено време кога некој ќе почне да белее, но тоа најчесто е во текот на четириесеттите или педесеттите години, а во кои години ќе се случи тоа зависи од гените, полот и потеклото. Жените белеат подоцна од мажите, белите луѓе порано од потемните, но во повеќето случаи генетиката е примарен фактор. Тоа значи ако еден или двајцата родители имале седи влакна во раните години, и нивното дете сигурно ќе го доживее тоа на порана возраст. Пушењето исто така може да заврза промена, но исто така појавата на рани седи влакна може да биде знак и на проблеми со штитната жлезда или срцето. Ако имате срцево заболување и вашата коса е седа, тоа е знак на влошена болест.

kosa

Не постојат лекови кои би можеле да го запрат процесот,иако миноксидил, кој се користи кај губењето на косата, во фазата на тестирање покажал дека и понекогаш влијае на бојата на косата, а не само на нејзиното опаѓање. Понатаму, не е јасно дали хроничниот стрес може да направи некој да добие бели влакна. Студиите кои го поврзуваат стресот со бојата на косата и понатаму се недоволни, иако во пракса постојат бројни примери дека некој добил седи влакна во текот на силен стресен период.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?