Редовното скратување на косата е една од тајните за прекрасен изглед.

Редовното скратување на косата е една од тајните за прекрасен изглед. Доколку се пронаоѓате во следиве ситуации, тогаш тоа е знак дека треба да размислите да го посетите вашиот фризер.

1. Испукани врвови

Ако врвовите на вашите влакна се слаби и потенки во споредба со останатиот дел од влакното, а посебно ако на краевите имаат ситни бели топчиња, тогаш време е да ги скратите.

kosa

2. Обоена коса

Колку и да внимавате, при бојадисувањето косата се оштетува. Ако ова го практикувате често, косата може да ви стане безживотна и без сјај. Затоа, имајте навика редовно да ја скратувате.

kosa

 

3. Косата е изложена на топлина

Ако често ја сушите косата со фен, користите пегла за коса или фигаро, таа може да се оштети. Покрај интензивната нега, правилното одржување на косата бара и редовно скратување.

4. Често носите коњско опавче

Собирањето на косата во коњско опавче е доста едноставно, но доколку забележите дека опавчето сѐ повеќе ви личи на метла, тогаш време е за скратување.

kosa

5. Веќе ви е досадна фризурата што ја имате

Понекогаш едноставно ви е потребна промена, дури и да немате потреба од скратување на косата. Зошто да не, ако сте спремни на тоа! Ако не сте сигурни, почнете со мало потскратување. Како и да е, косата расте, па ниту една фризура не мора да биде трајна.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?