loading...

И познатите ангели на Викторија викендов се забавуваа на Коачела

Покрај деловните обврски, најчесто поврзани со нивниот бренд Викторијас Сикрет познатите ангели во топлите предели на калифорниската пустина ги однесе и одличниот музички програм поради кој билетите за овој фестивал се набавуваат и до година дена однапред.

Една од најдобро облечените девојки на фестивалот Kоачела е вистинска атракција и на Инстаграм >>

Познатата манекенка Алесандра Амбросио е редовна гостинка на овој познат фестивал, а годинава покрај неа вниманието го привлекоа и нејзините помлади колешки Јасмин Тукс, Роми Стрејд и Џозефин Скривер.

Атрактивните девојки внимателно ги избираа своите комбинации со кои се забавуваа на фестивалот (впрочем овој фестивал е и познат по тоа!), а нам вниманието ни го привлече русокосата Џозефин која не воодушеви со нејзината едноставна, но ефектна фризура која лесно можеме да ја фураме и ние во деновите кога не знаеме што да правиме со косата.

Треба само да подигнеме еден мал дел во висока несредена пунџа, да пуштиме два подебели прамени да паѓаат покрај вашето лице, т е. да ја зачиниме косата со нежни бранови кои додаваат волумен и посебност.

Како (најлесно) да го решите проблемот со мрсната коса еднаш засекогаш >>

Оваа опуштена и кул фризура можете да ја пробате веднаш, а најдоброто е тоа што за истата не ви треба кој знае каква умешност.

На следната страна погледнете ги и другите фризури на оваа девојка >>>

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО