Подаруваме шампон, регенератор и масло за коса од линијата „Exotic Oil“ на „Lorvenn Paris“ инспирирана од скапоцените карактеристики на аргановото масло.

Аргановото масло, познато како „течно злато“ е вековна тајна на мароканските убавици за секојдневна нега на нивната коса. Благодарение на современите формули и збогатеностa со хранливи навлажнувачки агенси, линијата „Exotic Oil“ на „Lorvenn Paris“  е безусловно совршен третман за сите кои сакаат убава, здрава и негувана коса.

EXOTIC OIL

Exotic Oil e потхранувачко масло за цврста, сјајна и витална коса. Збогатено со егзотични масла за екстра кадифена мекост и свиленкаст сјај на косата. Погоден за третирање на фарбана коса, за долготрајност на бојата и заштита од оксидација. Помага за регенерирање на распуканите краеви на косата. Се употребува на сува или влажна коса за дополнителна нега на косата, потхранување, навлажнување и заштита од топлина при фенирање. Може да се употреби и за тело доколку сакате кадифено нежен допир и егзотична арома на кожата.

EXOTIC OIL BEAUTY SHAMPOO

Шампон за потхранување и хидратација на косата. Нежна формула збогатена со арганово масло и пченични микро протеини кои ја потхрануваат косата, правејќи ја цврста и еластична. Уживајте во моменталната и долготрајната хидратација на косата и скалпот, благодарение на збогатеноста со алое вера, провитамин Б5 и специјални активни навлажнувачки честички. Се препорачува да се користи за нормална и сува фарбана коса.

EXOTIC OIL BAUTY CONDITIONER

Exotic Oil Beauty Conditioner е крем регенератор збогатен со арганово масло. Направен е со специјално напредна формула со потхранувачки и навлажнувачки комплекс за свиленкасто мазна коса со екстра сјај. Наменет е за нормална и сува коса.

EXOTIC OIL DAILY CARE

Благо потхранувачко масло за секојдневна нега на косата. Ја штити косата од негативни надворешни влијанија, ја зајакнува и ја прави сјајна. Уникатна мешавина од егзотични масла кои длабоко продираат во косата, правејќи ја мека, цврста, мазна и сјајна.

Наменет е за сите типови на фарбана коса.

EXOTIC OIL ULTRA LIGHT

Екстра лесно масло-спреј за заштита, зајакнување и блескав сјај на косата. Ја прави косата цврста, еластична и мазна. Ја заштитува од кршење и оштетување предизвикани од топлина при фенирање и производи за стилизирање на коса. Идеално за фарбана коса.

 

Како да ги користиме овие
производи?

Пред шампонирање за дополнителна нега

На целата должина на косата ставете 2-3 капки масло и нежно масирајте додека не се впие. Оставете да делува 1-2 минути, исплакнете со вода и потоа продолжете да ја шампонирате косата.

После шампонирање, на влажна коса за потхранување, хидратација и заштита од топлина при фенирање

На целата должина на косата ставете 2-3 капки масло. Продолжете да ја обликувате косата и не ја исплакнувајте.

На сува коса за сoвршен стајлинг на косата

Ја прави косата мазна и свиленксасто сјајна. Се користи на сува коса помеѓу две миење и ја орави косата еластична и полна со живот.

 

 #ПОДАРУВАМЕ 

Шопинг магазинот Штипка во соработка со парфимерија Меркур од Битола на три наши читателки ќе им додели по еден производ за нега на коса од линијата Exotic Oil на Lorvenn Paris (шампон, регенератор и масло за коса - Daily Care или Ultra Light по избор на добитничката). Се што треба да направите за да добиете подарок е да ја лајкнете и споделите оваа објава на вашиот Фејсбук, да станете пријатели со Меркур (види тука) и во коментарите под оваа објава на нашиот Фејсбук (види тука) да напишете кој производ сакате да го добиете.

Подароците ќе ги доделиме во вторник (18.04), во 12 часот.

види повеќе »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?