magna

Постои мислење дека шишките го подмладуваат лицето и го освежуваат целокупниот изглед.

Постои мислење дека шишките го подмладуваат лицето и го освежуваат целокупниот изглед. Исто така кога ќе видите некоја жена на која добро ѝ прилегаат шишки, лесно можете да поверувате дека тоа е вистинското решение и за вас. Но, пред да се одлучите да ги сечете. потребно е да го знаете следново:

1. Шишките се обврска

Ако сакате шишки само затоа што вашата сегашна фризура ви е досадна, тогаш треба да знаете дека тие бараат повеќе одржување, односно во повеќето случаи шишките мора секојдневно да се одржуваат и да се стилизираат. Ако брзо ви досадат, треба да почекате одредено време за косата да порасне.

2. Шишките ви даваат поинаков облик на лицето

Имено, ти визуелно го затвораат челото и така го менуваат вашиот лик. Затоа, пред да се одлучите да ги сечете, треба да знаете што точно сакате да постигнете со тоа.

3. Важен е видот на косата

Полесно е да ги одржувате шишките ако имате потенка и еластична коса, отколку ако влакната ви се остри, непослушни или брановидни. Ако ви е тешко да ја скротите вашата коса, а сакате шишки, тогаш подобро решение е да се одлучите за одреден степен, а не строго рамни.

4. Професионалците знаат најдобро

Сечењето на шишките најдобро е да им го препуштите на искусните фризери. Па, препорачливо е да пронајдете слика од фризура со шишки какви што сакате и да му објасните на фризерот што сакате да постигнете. Исто така имајте ги предвид и советите кои ќе ви бидат дадени од страна на професионалците.

5. Премногу близок контакт на косата и кожата

Фризурата со шишки може да ви направи проблеми со кожата, затоа што таа често ќе се поти на челото, па можно е да се појават одредени иритации.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО