ban2

Доволно е само да фрлите еден поглед во првите редови на ревиите или на Инстаграм профилите на познатите ИТ девојки и веднаш ќе забележите дека оваа сезона плетенките се една од најомилените фризури на многу девојки.

Плетенките се хит оваа сезона, а еуфоријата ги зафати и првите редови на ревиите на актуелните модни случувања во светот. Па така откако најпрво Ким Кардашијан го промовираше овој тренд, деновиве можевме да ја видиме и познатата манекенка Карли Клос како ги носи на ревијата на Топшоп, но и малата Харпер Бекам на презентацијата на нејзината мајка.

Еве како да ја направите плетенката мала сирена - совршена за долга коса со прамени »

Секако дека ни дизајнерите не останаа имуни на овој мега популарен тренд. Плетенките беа присутни на неколку ревии што се одржаа во изминативе недели, па доколку сакате да изгледате како манекенка или ИТ девојка потсетете се како ги правевте овие фризури во младоста и зачекорете со слатки плетенки во новата пролетна сезона.

Како да направите тренди плетенки »

Извор: Elle.rs

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?