Сара Стејџ е една од најпознатите фитнес блогерки

Таа има повеќе од 2 милиони обожаватели на Инстаграм, а нејзините објави често предизвикуваат жестоки реакции. Таа се прослави за време на првата бременост, бидејќи стомакот одвај и се гледаше, а со втората предизвика уште поголеми контроверзии. Имено, таа е сé само не типична бремена жена. Тукушто влезе во деветтиот месец, а бебето на овој свет треба да го донесе во октомври. Но и покај тоа Сара не престана со вежбите, па дури и вежба најредовни досега, а резултатите се и повеќе од очигледни – таа изгледа прекрасно! Можеби дури и премногу добро за некој што е во деветтиот месец од бременоста.

Но токму поради тоа и многумина ја критикуваа под нејзините „надреални“ фотографии на социјалните мрежи: „Тебе стомакот во деветтиот месец ти е многу помал отколку на мене, а јас дури и не сум бремена“, беше само еден од коментарите под фотографиите на познатата блогерка, а нејзиниот одговор на сето тоа беше крајно едноставен:

„Одлучив да продолжам со вежбање два пати во неделата – тоа ми помага да ја одржам енергијата на високо ниво“ – напиша таа.

Па, што мислите вие - дали Сара претерува или не?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?