Сега е вистинското време за „аква“ јога

Со овие вежби ќе го активирате целото тело и тоа долго време ќе ви биде благодарно. Ќе ја подобрите флексибилноста, ќе ги зацврснете мускулите и ќе го усовршите дишењето. Аква јогата можете да ја вежбате во море, езеро или на базен. Голем плус е што во водата поради послабото влијание на гравитацијата нема да ви се оптоваруваат зглобовите па со самото тоа вежбите се многу порелаксирани. Од друга страна, поради отпорот делуваат благопријатно и на градите, а тоа ќе ви помогне да ги совладате и техниките на дишење.

Аква јогата делува добро на целокупната состојба на организмот. Покрај флексибилноста и силата, подобрување на дишењето и позитивното влијание на градите, ќе развиете и чувство за рамнотежа, ќе ја поттикнете циркулацијата и лимфната дренажа (со вежбањето ќе дојдете и до сјајна и поубава кожа),а ќе го подобрите и вашиот имунолошки состав, но и расположението и состојбата на умот. И сето ова можете да го постигнете со само неколку асани кои што ќе ги правите во морето. Па, зарем тоа не е прекрасно?

И што е најважно, со аква јогата можете да го збогатите вашето уживање во благодатите од годишниот одмор. Сонце, море, песок и галеби. Со фотографиите што следуваат сакаме да ви ја пренесеме позитивната енергија и да ве поттикнеме конечно да направите нешто добро за вас и за вашето тело. Па не двоумете се, вашиот зен чека на вас!

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?