ban2

10 причини поради кои жените треба да трчаат

Без разлика дали вашата цел е намалување на тежината, одржување на добра форма, постигнување на најдобри можни резултати на трки или добро искористено слободно време и забава, сознанијата во врска со тренирањето, исхраната и здравјето ќе ви го олеснат патот кон успехот.

Трчањето е состојба на умот

Единственото нешто што го одредува вашиот успех, или неговото отсуство, е начинот на кој вие размислувате за трчањето. Ако трчањето го дава посакуваниот ефект за вас, ако ве ослободува од стресот, согорува калории, ви обезбедува време за самите вас, тогаш апсолутно е неважно што ќе кажат другите за вашето трчање.

Не ви се потребни согорувачи на масти

Добро исланиран и стручно воден интервален тренинг, фартлек или ридски тренинг ќе имаат ист ефект на согорувањето на мастите, но без штетни несакани ефекти. Причината за ова е тоа што трчањето со висок интензитет е еден од најголемите стимуланси за природен раст на човечките хормони, што резултира со посилни мускули и подобри физички перформанси.

Може да се трчи и за време на бременоста

Најголем број од лекарите сметаат дека трчањето за време на бременоста нема да има негативни последици врз детето, туку напротив. Стручните лица сметаат дека во случај на нормална бременост трчањето е апсолутно безбедно за време на првото тромесечје од бременоста, а најчесто и за време на второто, со редовни контроли. Најважно е да се избегне прегревање, затоа пијте многу вода, избегнувајте јако сонце и топла бања по трчањето. Консултирајте се со вашиот лекар и уживајте во омилените активности.

Патиките за мажи и за жени не се исти

Жените обично имаат потесни стапала од мажите, така што патиките за трчање се дизајнирани по различни мерки. Кога ќе купувате патики прво пробајте ги женските модели, но не се срамете да пробате и машки, посебно ако имате пошироко стапало. Најважно е патиките да ви бидат удобни и да обезбедуваат цврста поддршка на вашите нозе.

Трчањето го намалува ризикот од рак на дојка и матка

Американски научници докажаа дека жените кои трчаат произведуваат помалку опасни форми на естроген од жените кои се пасивни. На овој начин жените кои трчаат имаат помал ризик од рак на дојка и матка за 50 проценти и од дијабетес за дури 65 проценти.

Трчањето во друштво дава мотивација и безбедност

Трчањето во друштво е одличен начин да се обезбеди мотивација и поддршка во тешки моменти, а исто така, ќе имате можност и да се охрабрувате и поттикнувате меѓусебно, и да се чувствувате убаво поради тоа. Се разбира, за жените е побезбедно да трчаат во друштво и за да се избегнат сите можни непријатности.

Најважните минерали за жените се калциум и железо

Обезбедете си доволен внес на минерали, бидејќи тие ви помагаат побрзо и подобро да закрепнете. Најдобри извори на калциум се брокулата, сардината и лосос во конзерва, додека за железо треба да се јаде спанаќ, џигер и говедско месо.

Трчањето е добро за кожата

Дерматолозите велат дека трчањето ја стимулира циркулацијата и транспортот на хранливите материи, а во исто време и го забрзува ослободувањето на штетните материи. Поради ова трчањето претставува вистински пријател на вашата кожа и тенот.

Треба да носите спортски градник

Без оглед на големината на градите, многу е важно да набавите спортски градник кој ќе ви обезбеди соодветна поддршка.

Вашето семејство ќе биде среќно што трчате

Не дозволувајте фактот што имате семејство да ве спречи да најдете време за себе и трчањето. Трчањето е најдобар начин да се намали стресот и да се зачува здравјето.

И покрај тоа што на почетокот можат да негодуваат, или пак да им биде чудно што одите на трчање, членовите на вашето семејство потоа ќе забележат дека сте исполнети и задоволни и ќе бидат среќни покрај вас.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?