Џенифер Кинг има 50 години и изгледа подобро од повеќето девојки половина помлади од неа.

Поради својот феноменален изглед стана сензација на Јутјуб, а сега реши да ја открие тајната на својата младоликост. Оваа секси Америка на Јутјуб ја следат 155.000 луѓе со кои таа секојдневно споделува совети за здравје, исхрана и вежбање. Таа го припишува својот совршен изглед токму на здравиот начин на живот.


 
 - Знам дека стареењето е природен процес и дел од животот, но јас сум среќна што кај мене тоа се одвива под мои услови - вели згодната фитнес советничка.
  

Џенифер вежба од своите тинејџерски години, а пред осум години почнала и да крева тежини, што оттогаш и стана голема страст.
 

Внимава во нејзината исхрана да има застапено разновидно месо и риба, а избегнува преработена храна, особено храна со преработен шеќер.
  

- Мислам дека мојот начин на живот не е само добар за физичкото здравје, туку исто така и носи чувство на среќа и задоволство - вели убавата 50 годишна дама на која сопругот Џејсон и помага во снимањето на видеата со кои стана ѕвезда на социјалните мрежи.

(Dailymail.co.uk)

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?