magna

Без трошка шминка и само со една крпа префрлена преку неа, Синди објави слика од сауна која за кратко време освои повеќе од 40.000 лајкови.

Синди наскоро ќе го прослави 51 роденден и за жена која влегува во шестата деценија од животот може да се пофали со младешкиот и природен изглед.

Вежби за совршен задник – погледнете ја инструкторката и се ќе ви стане јасно >>

„Свесна сум дека денес не изгледа како кога имав 20 години. Исто така денес многу повеќе работам на себе од порано, а најмногу внимание посветувам на исхраната", вели поранешниот супер модел за магазинот „New Beauty“. Таа препорачува исхрана во која доминираат свежи салати, кои даваат чувство на ситост, а се здрави и нискокалорични. Исто така Синди често пие фрапе, а главните состојки за нејзиниот омилен рецепт се банана, нане, спанаќ, индиски орев, бадемово млеко и какао.

За да се одржува во форма оваа 175 сантиметри висока бринета вежба три пати неделно. „Правам кружен тренинг за целото тело со помош на тегови, справи за вежбање и тежината на моето сопствено тело во форма на исчекори и чучњеви. Обично десет минути вежбам со тегови, па пет минути правам кардио вежби", вели Синди која покрај вежбањето сака и да шета, плива и вози велосипед.

Кратки и ефикасни вежби за совршено обликуван и кренат задник >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО