Можеби звучи неверојатно, но вистина е - можете да согорите дури 150 калории (колку што содржат на пример 1,5 парче леб или 1,5 банана) за само 8 минути!

Си дозволивте малку да се занесете и да си каснете нешто што не треба иако сте на диета? Не грижете се, вишокот калории лесно можете да го потрошите за само осум минути вежбање - но во текот на вежбањето ќе морате навистина да дадете сè од себе. Инструкторката од фитнес каналот XHIT на YouTube ни претстави краток, но очигледно многу ефикасен кардио тренинг со кој за само осум минути можете да согорите извонреден број на калории, но сепак треба да земете во предвид дека тренингот не ни малку лесен иако е многу краток. Се состои од серија високоинтензивни вежби меѓу кои нема пауза, а пулсот во текот на вежбањето треба да биде околу максималната вредност.

Кој е најефикасниот метод за слабеење - кардио, интервален тренинг или диета?

Бидејќи за изведувањето на вежбите се ангажира целото тело за максимален ефект од краткиот тренинг, по само осум минути ќе се се чувствувате прилично изморени. Иако ова всушност е тренинг само за најхрабрите, ако сепак не ви се доволни 8 минути, слободно повторете го 2 пати или дури и 3 пати со што пократка пауза помеѓу сериите. Дали сте подготвени да ги изведете вежбите во еден здив? Погледнете го предизвикот на видеото подолу:

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?