Силниот грб не само што изгледа убаво, туку тоа и клучно за правилно држење и севкупниот изглед на вашето тело.

Доколку имате силни мускули на грбот и рбетниот столб кои го држат телото во правилна положба и вашиот стомак станува потенок а градите поголеми. Значи со зајакнување на грбот убивате три муви одеднаш. Во денешниот текст ќе ви откриеме 4 ефикасни 5 минутни вежби за грб за кои апсолутно не ви е потребна никаква опрема освен вашата добра волја.

Широко веслање

Застанете во расчекорен став, свиткајте го грбот под прав агол, внимавајќи рбетниот столб да остане прав. Рацете спуштете ги под градите, па подигнете ги на страна како да веслате.

Повторете ја вежбата 20 пати.

Туркање над главата

Повторно застанете во расчекорен став, благо свиткајте ги колената, рацете раширете во ниво на раменици со благо свиткани лаки и дланките свртени нагоре, па подигнете ги рацете над главата како да туркате замислена тежина.

Издржување со подигната рака

Овие вежби се едни од најдобрите фитнес вежби бидејќи ги активира сите мускули на телото. Ако сакате посебен акцент да ставите на грбот и дополнително ги активирајте така што ќе подигате наизменично едната па другата рака.

Тик-так движења на рацете

Раширете ги благо стапалата, свиткајте ги колениците, исправете рбетниот столб, па едната рака подигнете ја кон плафонот, додека другата истовремено ќе ја насочите кон подот. Потоа онаа која беше подигната спуштете ја, а другата подигнете – замислете како да ги поместувате стрелките на часовникот.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?