Овде не станува збор за никакви трикови и финти или едноставен пат до целта. Овде станува збор за вистински активности за кои ќе треба да ги засукате ракавите и вистински да се испотите ...

РОЛЕРКИ

Возењето ролерки позитивно влијае на целиот долен дел од телото – колковите, нозете, задникот, но и стомакот. Исто така е забавно и позитивно делува и на расположението. Ако веќе имате искуство во возењето ролерки, ви го препорачуваме следниов тренинг: прво брзо возење по рамна површина околу 30 минути, па потоа поспоро возење уште петнаесетина минути. За почетници доволен е тренинг во траење од околу половина час и тоа со лесно темпо. Со возењето ролерки за брзо време ќе ги обликувате нозете и задникот, и ќе го намалите целулитот. При купувањето на ролерки обрнете внимание да бидат сигурни и удобни, задолжително повозете ги малку по продавницата. Некои од попознатите марки се Rollerblade, Roces и Bauer. Дополнителната опрема, како штитници за колената, лактите и дланките, е задолжителна.

POWER PLATE

Кој пробал знае дека тренингот на Power Plate е еден од најефикасните начини за обликување на телото за кратко време. Вибрациите на справата ги пренесуваат брановите на енергија низ вашето тело и на тој начин поттикнуваат контракции на мускулите, и тоа од 25 до 50 пати во секунда. Така, петнаесет минути на Power Plate заменува еден час поминат во теретана. Освен што штеди на време, исто така ја забрзува и циркулацијата и ефикасно го намалува целулитот за кратко време. Распрашајте се во околината за студија кои ја поседуваат оваа справа и задолжително пробајте ја. Се препорачува да не правите големи паузи меѓу тренинзите и да го запазите континуитетот.

ВЕЛОСИПЕД

Стариот добар велосипед е идеален начин за подобрување на кондицијата но и за зајакнување на мускулите. Возењето велосипед исто така го забрзува метаболизмот и го намалува стресот и напнатоста. Се препорачува пред возењето да се истегнете и загреете бидејќи оваа активност ги вклучува сите мускули – нанозете, задникот, стомакот и рацете. Така ќе се подготвите за физичкиот напор и ќе спречите евентуални повреди. Возете велосипед барем три пати неделно. Се препорачува да почнете со возење од дваесетина минути со воедначена брзина, па секој нареден ден да зголемувате за по 5 минути, додека не стигнете до 45 минути. Велосипедот треба да биде лесен. Изберете некој модел со алуминиумски рам како на пример Capriolo или Giant.

ТЕНИС

Соберете друштво, изнајмете терен и уживајте во дружењето и забавата, истовремено спортувајќи и обликувајќи го телото. Кога ја префрлате топката преку мрежата ги активирате сите мускули бидејќи постојано сте во движење. Ако досега не сте пробале, морате задолжително да го пробате овој спорт бидејќи покрај рекреацијата нуди и добра забава. Од опрема, задолжителни се рекетот и топчињата, а најдобри се познатите марки како Head, Dunlop, Wilson или Fischer. Исто како и тенисерите кога ги гледате на телевизија, не заборавајте да пиете многу течности.

ЏОГИРАЊЕ

Џогирањето може да биде забавно ако си најдете друштво и почнете почесто да се занимавате со оваа активност. Џогирањето ќе ви помогне да потрошите повеќе калории од кој  било друг вид на кардиоваскуларни вежби. Најважно е да трчете полека ио долго. На почетниците им се препорачува џогирање од околу половина час, со постепено зголемување на времето потоа. Најубаво е да трчите на свеж воздух, на отворено, покрај река на пример, или во парк, и на тој начин исто така и ќе го намалите стресот и напнатоста. Треба да дишете природно и рамномерно, а ако се задишете, забавете го темпото и направете пауза со брзо одење. Истегнувајте се од време на време и размрдувајте го телото. Ќе се чувствувате одлично.

МЕЗОТЕРАПИЈА

Mезотерапијата претставува вбризгување на различни коктели на активни супстанци со микроинекции во подлабоките слоеви на кожата и поткожното ткиво. При липолизата, односно третманот на локалните масни наслаги, коктелите го блокираат складирањето и поттикнуваат ослободување на масти од масните клетки. Поради моменталната разградба на целулитот, резултатите се видливи веднаш по првиот третман. За секој поединечен проблем се подготвува различен специјален коктел кој содржи витамини, аминокиселини, ензими, хомеопатски препарати ... Ако се плашите од игли, има и неинвазивна мезотерапија, која е подеднакво ефикасна. За најдобри резултати, се препорачува да ја комбинирате мезотерапијата со зррава исхрана и умерена физичка активност.

АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА

Антицелулитната масажа помага да се намалат масните наслаги. Го подобрува крвотокот, ја враќа еластичноста и тонусот на сврзното ткиво и го поттикнува исфрлањето на отровите од организмот. Со масажата може целно да се делува на критичната област и таа е посебно делотворна кога станува збор за делови од телото на кои тешко се влијае со вежбање, како на пример внатрешната страна на колената. За да постигнете оптимални резултати се препорачува да правите антицелулитно масажи 3 пати неделно, во период од еден месец. Изберете стручен терапевт!

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?