Димензијата на градите, односно на колковите во сооднос со половината во размер 1:0.7 денес се смета за идеал на женската убавина која има свое биолошко објаснување поврзано со плодноста и доброто здравје.

Овој размер делумно го објаснува и феноменот со пропорциите 90-60-90 кои денес се сметаат за совршена мерка (да, да и за нас е многу поважно како се чувствувате во своја кожа и дали се грижите за вашето здравје, отколку дали имате идеална тежина и дали вашето тело потсетува на денешните супермодели).

Но сепак дебелеењето во централниот дел на телото, односно собирање масни наслаги околу органите НЕ Е ЗДРАВО и го зголемува ризикот за некои болести на крвниот систем, па во таа смисла добро дефинираниот струк не е пожелен само заради естетската, туку и заради здравствената димензија. Откако ќе ја донесете вашата тежина на здраво ниво, што значи индексот на телесната маса да не ви преминува 25, можеби ќе го промените мислењето за провокативните кратки блузи (кроп топови) и ќе посакате да го истакнете вашата половина во некое тесно здолниште или шорц.

Како и да е, воопшто не се сомневаме дека ова е вистинскиот пат за секоја од нас, односно светлото на крајот од тунелот кое секоја од нас треба да го следи доколку сакаме да бидеме здрави и полни со енергија, па за таа цел ви преставуваме и еден супер видео туторијал кој ќе ви покаже како можете да дојдете до најубавиот струк што сте го имале во животот.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?