Оваа диета ветува губење на околу 2-5 килограми за една недела, во зависност од метаболизмот, начинот на живеење, личните карактеристики и т.н.

Диетата изгледа лесна бидејќи нема големи лишувања, дозволено е да се јаде се – но треба да останете во рамките на дозволениот број на бодови дневно. Имено, се што треба да се направи е да се почитува правилото дека за еден ден имате определен број на бодови што можете да ги искористите (18 – 20 бодови) и овој број никако не смее да се надмине. Можете да јадете што сакате, да ги комбинирате оброците како сакате, но морате да се задржите во рамките на дозволениот број на бодови за еден ден. Можете дури на пример и еден ден да искористите само 15 бодови, а остатокот да го искористите наредниот ден на некоја забава. За разлика од другите диети оваа не е толку ригорозна и ви овозможува да си каснете од омилените јадења.

 Појадок - 3 или 4 бодови 

3 бодови:
1 портокал, цел или исцеден, 1 парче леб со сол и бибер, со неколку тенки краставици, чај или кафе

3 бодови:
овошна салата од портокали, цитрони, киви, засладена со вештачки засладувач, 3 тенки листови печеница со малку немасно сирење, чај или кафе

3 бодови:
гриз од немасно млеко (2 dl), суво грозје (20 g), чај или кафе

3 бодови:
1 банана, филџан шлаг од немасно млеко, чај или кафе

4 бодови:
2 парчиња интегрален леб (40 g), 1 лажичка путер и 2 лажички мармалад, 1-2 киви, чај или кафе

4 бодови:
чаша сок од портокал, палачинка со малку мармалад, чај или кафе

4 бодови:
2 парчиња леб (60 g), 2 парчиња немасно сирење, 1 цитрон, чај или кафе

4 бодови:
двопек со мармалад, чаша немасно млеко, 2 киви, чај или кафе

 Ручеци/ вечери по ваш избор 

6 бодови:
парче варена бела риба, чинија зелена салата или цвекло со оцет и масло, крем од ванила со карамела и една крушка

6 бодови:
салата од домати со лажичка маслиново масло, кромид и исечкан власец, парче варено пилешко бело месо со лажичка маргарин, 2 лажици пире од компири, 3 мандарини

6 бодови:
1 парче варена риба, чинија шампињони, 2 варени компири или 4 лажици варен ориз, 1 овошен јогурт

8 бодови:
чаша вино, 10 g крекери, лист печен на малку маслиново масло, прокељ варен на пареа, 2 помали компири, 1 топка сладолед

8 бодови:
1 парче лосос на жар со лажичка тартар сос, 2 лажици варен ориз, 1 лажица павлака од немасно млеко, 1 праска или јаболка

8 бодови:
1 полнет домат со немасно сирење, зајачки бут печен со тимијан, сатараш (пиперки, домати и кромид) со 1 лажичка масло, 4 лажици палента, 1 парче свеж ананас

6 бодови:
1 чинија супа од зеленчук без тестенини, 1 бифтек на жар (отстранете ги мрсните делови), 4 лажици тестенини, 1 чинија компот со натрен

6 бодови:
лазањи со тиквички и кашкавал, 1 јајце, парче леб, зелена салата со 2 лажички масло и оцет и зачини, чинија смрзнати боровинки или капини

8 бодови:
краставици со 2 лажички павлака, 1 парче леб, 1 јунешка шницла од бут (60 g), 6 лажици грав, 1 круша или јаболка

8 бодови:
супа од зеленчук со лажичка павлака, обарен зеленчук (по избор), 1 виршла или 4 лажици леќа и 2 листа немасна варена шунка, 1 овошен јогурт

8 бодови:
1 телешка шницла печена на лажичка маргарин, 250 g грашок и моркови, чаша вино

Во случај на глад може да ви помогне некоја од следниве ужинки, а ќе ви донесе само 2 бода:
·    1 интегрална кифла
·    1 крушка со прелив од 15 g чоколадо
·    2 помали палачинки со 2 лажички мармалад
·    1 парче леб со малку мармалад
·    1 парче пита со сирење
·    1 помало чоколадно колаче

 Намирници со 0 бодови 

Од кромидот во салатата до лажичката павлака на шницлата, сето тоа не носи ниту еден бод, под услов да не внесувате повеќе од 3 лажички на ден!

·    Лажичка мармалад или џем= 0 бодови
·    Лажичка овошен сируп = 0 бодови
·    Лажичка свеж шлаг = 0 бодови

Во намирници со 0 бодови спаѓаат и следниве: артичока, домати, моркови, краставици, лук, кромид, пиперки, карфиол, зелка, спанаќ, зелена салата, сув зеленчук и зачини, тиквички, махунарки (но не и грашок), целер, магданос, ротквица, тиква, сенф, оцет, соја сос, диетални напивки како диетална кока кола и сл.

Овошје: 2 помали јаболка, средна праска, мала банана, средно парче лубеница, 4 мандарини, 2 средни смокви, 2 помали портокали, 6 сливи, средна крушка, 2 големи парчиња ананас или 4 круга од конзерва, 2 цитрони, 2 киви, 2 урми, 1 лажица суво грозје, 0,5 кг цреши, 0,5 кг јагоди – се по 1 бод.

По 1 бод носи и следново: 2 кафени лажички еурокрем или сличен крем, 1 кафена лажичка мед, 1 кафена лажичка путер од кикиритки, 1 кафена лажичка мајонез, 1 кафена лажичка масло за јадење, маслиново или сончогледово, 3 коцки шеќер.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?