Веќе сите знаеме дека газираните иа лкохолните пијалаци не се пријатели на вашата рамна половина.

 pijalaci

Веќе сите знаеме дека газираните иа лкохолните пијалаци не се пријатели на вашата рамна половина. Спротивно на нив, постојат неколку пијалаци кои може да ви помогнат да ги стопите масните наслаги. Еве за кои поточно станува збор.

Ароматизирана вода

Кога се обидувате да се оттарасите од непотребните килограми, многу е важно вашиот организам да биде хидратизиран. Конзумирањето на поголеми количини вода му помагаат на вашето тело да го одржи одговарачкиот биланс на течност, да го запре задржувањето на вода во организмот (еден од најголемите предизвикувачи на појава на „надуен“ стомак) може да ви помогне да имате чуство на ситост (со самото тоа, помалку ќе јадете). Ако не ви се допаѓа идејата често да пиете обична вода, во неа стевете зачински билки (нане или босилек), цитрус (лимон, портокал, грејпфрут, лимет) и други нискокалорични, природни, зголемувачи на вкус (може да користите краставички).

Ладен чај од нане

Одлично освежување во текот на топлите денови, но истовремено и супер-ефикасен пијалок кој ви помага да имате рамен стомак. Нането му помага на вашиот желудник да ги топи мастите, а покрај тоа, помага и при дуење.

Зелен чај

Покрај намалениот ризик од рак и срцеви болоести, зелениот чај има ефекти за целиот организам, содржи антиоксиданси за кои истражувањата покажуваат дека помага во намалување на масните наслаги од стомакот. Ако пиете зелен чај пред вежбање, тоа може да го зголеми согорувањето на мастите во текот на аеробните вежби (велосипед, патека за трчање).

Извор: faktor.mk

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?