ban2

Оваа девојка направи операција за да се реши од вишокот килограми

Таа направи неколку прескапи операции и сега има половина од своите килограми помалку, празни сметки во банките, но и вишок кожа од која изгледа ужасно! И поради тоа сега го мрази своето тело уште повеќе!

Џесика Валој (30) од Сиетел имаше голем проблем со вишокот килограми. Таа порано имаше 140 килограми поради што одлучи да потроши вистинско мало богатство за операција која веруваше дека ќе и го промени животот. Но наместо на подобро, сега ситуацијата е уште полоша!

Имено по операцијата на која и се направени „џебови“ на желудникот Џесика изгуби речиси половина од своите килограми и тоа ја чинеше 46.650 илјади долари. За бајпас мораше да плати дополнителни 59.940 илјади долари, но сега горко жали за нејзината одлука бидејќи буквално не знае што да прави со випокот кожа што и остана по операцијата.

Таа сега своето тело го мрази дури и повеќе од пред да ги направи операцијите, иако сега носи облека која е дури девет броја помала од претходно. „Му кажав на сопругот дека се чувствувам грдо. Особено кога навечер ќе легнам покрај него, а вишокот кожа ќе се распостели насекаде околу мене“, вели госпоѓата Валој. Покрај овој голем проблем на оваа жена и е криво и тоа што и нејзините гради изгубиле на волумен.

По прескапата операција таа веднаш забележала дека направила погрешна одлука во животот. „Постојано одев и вежбав во теретана, но не можев да ги видам мускулите од преголемата кожа. Ја имаше насекаде, на рацете, стомакот, нозете...“ Тогаш сфати дека мора да направи уште една операција. Онаа за отстранување на кожата. Но тогаш започнаа и најголемите проблеми. Имено и за овие операции Валој мора да издвои од 54.000 до 81.000 долари, пари што ги нема. Затоа нејзиниот сопруг дојде до одлична идеја. Тој и беше поддршка цело време, а овој пат и предложи да соберат пари преку страницата „GoFundMe".

На оваа страна луѓето се собираат околу една цел – да ги добираат парите на онаа приказна која ќе им привлече најмногу внимание.

Но за жал, Џесика досега има собрано само 445 долари од бараните 10.000 кои што ги има поставено како цел на овој популарен сајт.

Извор: dailymail.co.uk

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?